Нов гол на нашиот репрезентативец

Несторовски погоди за водство на Палермо (ВИДЕО)

„Несторгол“ веќе го постигна и 4 гол во новата сезона во Серија Б лигата во Италија.

објавено: 21 октомври 2018 - 21:47

Во последниот меч од тековното коло во италијанската Серија Б, вечерва екипата на Палермо гостува кај Лече, а нашите интернационалци Трајковски и Несторовски и понатаму се главни ликови во сицилијанскиот состав. Несторовски им се враќа на погодоците, па со неговиот гол во 29. минута, екипата на Палермо успеа да поведе на гостувањето кај Лече и да најави дека денеска ќе се бори за сите три бода.

Сепак, домашните успеаја брзо да се вратат по шокот кој им го приреди нашиот „бомбардер“, па Табанели погоди во 37. минута за израмнување на 1:1. Со овој резултат се замина на пауза.

Најново во Фудбал