ВО ОДЛИЧНА ФОРМА СЕ НАОЃА НАШИОТ МЛАД РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Митровски ја најави „петардата“ на Спортинг Лисабон! (ВИДЕО)

Во четвртото коло од португалското првенство за играчи до 23. години, составот на Спортинг Лисабон на гости со 1:5 ја декласираше екипата на Академика Коимбра.

објавено: 3 септември 2018 - 19:00

Најпрвин поведоа домаќините со голот на Рибеиро од пенал, а во 30. мин. Димитар Митровски израмни со еден убав гол со глава. „Петардата" ја комплетираа неговите тимски колеги Браганча, Паулињо, Мендеш и Маркес.

Ова е втор гол за македонскиот интернационалец во четвртиот меч сезонава во шампионатот, претходно стрелаше во победата од 5:4 над Виторија.

На табелата Спортинг е на второто место со девет бодови, еден помалку зад водечката Бенфика.

ГОЛОТ НА МИТРОВСКИ (00:09 МИН.) ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ НА 1:1:

Најново во Фудбал