ПО ДОЛГА ПАУЗА СЕ ВРАТИ ВО ЈАВНОСТА И НА ФУДБАЛОТ

Мамиќ: Го донесов Седлоски, поради него сум на трибините

Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо Загреб беше на трибините на дуелот меѓу Широки Брег и Звијезда, на кој македонскиот стратег и неговиот тим славеа со 2-0. 

објавено: 24 септември 2018 - 08:30

По долга пауза Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо Загреб се врати во јавноста и на фудбалот. Причината за ова е македонскиот стратег, Гоце Седлоски и неговиот нов ангажман на „кормилото“ на Широки Брег.

Мамиќ вчера беше на трибините на дуелот против меѓу Широки и Звијезда, кој заврши со победа на тимот на Седлоски.

„Се уште немам никаков ангажман. Широки ме замоли да им помогнам за тренер, па ги искористив своите врски и го донесов Гоце Седлоски. Токму затоа сега имам обврска да го пратам овој тим“, им изјави Мамиќ за тамошните медиуми.

Седлоски и Мамиќ соработуваа во времето кога некогашниот македонски репрезентативец настапуваше во дресот на Динамо Загреб и ја носеше капитенската лента на овој тим.

 

Најново во Фудбал