ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА БЕЗ ПОРАЗ ВО СЕРИЈА Б

Македонско гол-шоу на „Ренцо Барбера“, Палермо со лекција за Перуџа (ВИДЕО)

И во четвртиот натпревар од новата сезона тимот од „Ренцо Барбера" не дозволи да загуби во втората најквалитетна италијанска лига, откако денеска пред своите гледачи со 4:1 убедливо ја совлада Перуџа.

објавено: 22 септември 2018 - 17:23

Најзаслужни за трите бода беа двајцата македонски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Трајковски запиша по еден погодок и асистенција, а радува фактот што по подолго време во шампионатот на головите им се врати и Несторовски.

На табелата по четири меча на врвот е Верона со 10 бодови, пред Читатела (9), Палермо (8), Пескара (8)...

Во 14. минута Трајковски асистираше за 1:0, па четири минути подоцна зголеми нашиот играч Несторовски.

Па во второто полувреме во 58. мин. за 3:0 се погрижи Трајковски, а од пенал Несторовски во 68. мин. дојде и до вториот погодок на мечот.

Најново во Фудбал