ИЗВЛЕЧЕНИ ГРУПИТЕ ЗА СЕЗОНАТА 2018/2019 ВО ЛИГА ЕВРОПА

Македонски дуел Адеми против Елмас, Ристовски и Николов ги добија Арсенал и Челзи!

Денеска се одржа ждрепката за извлекување на групите во второто по ред најквалитетно европско фудбалско натпреварување.

објавено: 31 август 2018 - 13:46

Првите натпревари од новата натпреварувачка сезона во Лига Европа ќе се одиграат на 20. септември, а групната фаза ќе заврши на 13. декември 2018 година.

Од македонските интернационалци, Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски е во групата Е со Арсенал, Карабах и Ворскла.

Потоа, имаме македонски дуел во групата Д, Фенербахче на Елиф Елмас ќе се сретне со Динамо Загреб на Аријан Адеми. Во оваа интересна група се наоѓаат уште Андерлехт и Спартак Трнава.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов со кипарскиот претставник АЕК Ларнака се во групата А со Баер Леверкузен, Лудогорец и швајцарскиот Цирих.

Бобан Николов со унгарскиот МОЛ Види се во последната група Л со Челзи, ПАОК и БАТЕ.

Лига Европа (2018/2019)

Група А: Баер Леверкузен, Лудогорец, Цирих, АЕК Ларнака.
Група Б: Салцбург, Селтик, Лајпциг, Розенборг.
Група Ц: Зенит, Копенхаген, Бордо, Славија Прага.
Група Д: Андерлехт, Фенербахче, Динамо Загреб, Спартак Трнава.
Група Е: Арсенал, Спортинг Лисабон, Карабах, Ворскла.
Група Ф: Олимпијакос, Милан, Реал Бетис, Дуделанж.
Група Г: Виљареал, Рапид Виена, Спартак Москва, Ренџерс.
Група Х: Лацио, Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт, Аполон.
Група И: Бешикташ, Генк, Малме, Сарпсборг.
Група Ј: Севиља, Краснодар, Стандард Лиеж, Акхисар.
Група К: Динамо Киев, Астана, Рен, Јаблонец
Група Л: Челзи, ПАОК, БАТЕ Борисов, МОЛ Види.

Најново во Фудбал