МАКЕДОНЕЦОТ СВОЕВРЕМЕНО ИГРАШЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Лазевски продолжува во ОФК Вршац

Поранешниот фудбалер на Партизан својата кариера ќе ја продолжи во редовите на ОФК Вршац, членот на Српската лига „Војводина".

објавено: 15 август 2018 - 10:25

Искусниот лев бек ги помина сите категории на Партизан, во кој стигна во 2000. година. Во првиот тим го уфрли Мирослав Ѓукиќ во сезоната 2007/2008.

Александар Лазевски првите фудбалски чекори ги направи токму во родниот Вршац, но играјќи за Банат.

„Отсекогаш сум сакал да живеам во Вршац. Ми се допаѓа новата фудбалска приказна и важно е дека имаме поддршка од челниците на градот. Ќе направам се клубот да напредува, а особено ми е драго што споделуваме исти амбиции", рече 30-годишниот дефанзивец.

Лазевски играше за младата селекција на Македонија, додека за „А" репрезентацијата запиша 14. натпревари. После Партизан и Телеоптик беше дел уште од Говерла Ужгород, Рад, Олимпија, Младост од Лучани и Слобода Тузла.

Најново во Фудбал