Младиот интернационалец продолжува во Грција

Ласков потпиша 2-годишен договор со Арис

Договорот со Арис е на две години и станува збор за професионален договор кој нашиот интернационалец ќе го има со грчкиот тим.

објавено: 10 септември 2018 - 21:11

Некогашниот фудбалер на Брегалница и младински репрезентативец на Македонија до 19 години, Борче Ласков, од денеска е нов член на грчкиот фудбалски клуб Арис. Ласков потпиша договор со солунскиот тим, откако досега ги бранеше боите и на младинскиот тим на германски Мајнц.

Договорот со Арис е на две години и станува збор за професионален договор кој нашиот интернационалец ќе го има со грчкиот тим. Инаку, Арис оваа сезона во грчката Суперлига ја почна со две победи за пласман на самиот врв на табелата.

Најново во Фудбал