НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА ПОРАНЕШНИОТ МЛАД РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Крезиќ го напушти Одеволд, но останува во Шведска!

Лани се најде во списокот (генерација 1996/97) кај тогашниот селектор Благоја Милевски (У21) за настап во квалификациите за Европското првенство во Италија.

објавено: 21 август 2018 - 15:15

22-годишниот напаѓач воглавно досега настапува за шведските екипи, започна во У17 тимот на Хакен, беше дел и од У19 тимот, а потоа се пресели во Одеволд.

Ова лето одлучи да го напушти тимот, македонскиот интернационалец се пресели во редовите на шведскиот второлигаш Варбергс БоИС со договор до крајот на сезоната.

Даниел Крезиќ кој може да игра и како крило, три години беше во дресот на Одеволд со вкупно 59 натпревари и 11. голови.

„Ова е голема шанса за мене и задоволен што ја имам. Мислам дека сум подготвен да го преземам овој чекор", вели Крезиќ.

Моментно Варбергс после 19. кола во втората шведска лига е на 13. позиција со 18 бодови.

Најново во Фудбал