АСАНИ МУ ДОНЕСЕ ТРИУМФ НА ПАРТИЗАНИ ПРОТИВ КАСТРИОТИ

Костадинов стрелаше во 33. секунда, Ристовски за победа на Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

Свои настапи во саботата имаа тројца македонски интернационалци, сите беа успешни со своите клубови...

објавено: 2 септември 2018 - 09:00

Во третото коло од најсилното албанско првенство составот на Партизани на домашен терен со 1:0 го совлада Кастриоти.

Стрелец на единствениот гол беше Јасир Асани во 13. минута од средбата за вкупно втора победа и трето место на табелата со шест бодови. Ова за него е прв гол сезонава во шампионатот за Партизани Тирана.

ГОЛОТ НА АСАНИ НА 00:42 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ:

Потоа, Тихомир Костадинов стрелаше уште во првата минута, поточно после 33. секунди за водство на Ружомберок дома против Сеница.

Тоа беше фактички најава за новиот триумф на Ружомберок кој во седмото коло од првенството на Словачка со 4:0 ја совлада Сеница.

На табелата после овие три бода тимот е на третото место со 12 бодови, пет помалку зад водечкиот Слован Братислава. Ова е прв гол за Костадинов сезонава во дресот на Ружомберок.

-ГОЛОТ НА ТИХОМИР КОСТАДИНОВ ВО ПРВАТА МИНУТА-

И на крајот нашиот репрезентативец Стефан Ристовски кој го одигра целиот меч и доби жолт картон во 62. мин. беше дел од победничката акција на Спортинг Лисабон кој дома славеше над Феиренсе (1:0).

Македонецот ја додаде топката на петерецот, а таму најдобро се снајде Кабрал за вкупно трета победа и моментно второ место со 10 бода, колку што има и водечката Брага.

-КЛУЧНОТО ДОДАВАЊЕ НА РИСТОВСКИ ЗА ТРИУМФ ВО ЛИСАБОН-

Најново во Фудбал