ИЗВЛЕКУВАЊЕТО ВО МОНАКО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 13:00 ЧАСОТ!!!

Колку Македонци се во денешната ждрепка за групите на Лига Европа?

Денеска во Монако на ждрепката за новата сезона (2018/2019) од групната фаза на ЛЕ ќе се најдат вкупно 48 екипи кои ќе бидат сместени во 12 групи од по четири тима, со напомена дека во група не можат да се сретнат претставници од една иста земја.

објавено: 31 август 2018 - 09:00

Првите натпревари од новата сезона во групите на Лига Европа ќе се одиграат на 20. септември, а првиот дел од УЕФА натпреварувањето ќе заврши на 13. декември 2018 година.

Во текот на денешната ждрепка ќе биде прогласен и најдобриот фудбалер за изминатата сезона 2017/2018 во ЛЕ, а номинирани се Диего Годин, Антоан Гризман и Димитри Паје.

На ждрепката своите ривали ќе ги дознаат следните македонски интернационалци: Бобан Николов (Види МОЛ, Унгарија), Иван Тричковски/Даниел Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Елиф Елмас (Фенербахче, Турција) и Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија).

СПОРЕД УЕФА КЛУПСКИОТ КОЕФИЦИЕНТ, ЕКИПИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ ВО ЧЕТИРИ ШЕШИРИ:

1. шешир: Севиља, Арсенал, Челзи, Зенит, Баер Леверкузен, Динамо Киев, Бешикташ, Салцбург, Олимпијакос, Виљареал, Андерлехт, Лацио.

2. шешир: Спортинг Лисабон, Лудогорец, Копенхаген, Марсеј, Селтик, ПАОК, Милан, Генк, Фенербахче, Краснодар, Астана, Рапид Виена.

3. шешир: Реал Бетис, Карабах, БАТЕ Борисов, Динамо Загреб, Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт, Малме, Спартак Москва, Стандард Лиеж, Цирих, Бордо, Рен.

4. шешир: Аполон, Розенборг, Ворскла Полтава, Славија Прага, Акхисар Беледијеспор, Јаблонец, АЕК Ларнака, Види МОЛ, Ренџерс, Дуделанж, Спартак Трнава, Сарпсборг.

Најново во Фудбал