НОВИОТ ТРЕНЕР НА ФЕНЕРБАХЧЕ ЌЕ СМЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР

Коку е воодушевен од Елмас

Новиот стратег на Фенербахче, Филип Коку смета дека 18-годишната ѕвезда е важен потенцијал во таборот на турскиот тим. 

објавено: 2 јули 2018 - 19:21

Фенербахче во новата сезона ќе стартува со промени на „кормилото“. Холандскиот стратег, Филип Коку веќе се фати за работа, најави дека ќе се обиде да го промени менаталитетот во тимот. Во моментов Коку прави анализи на составот, а пред турските медиуми не штедел зборови за македонскиот бисер, Елиф Елмас, кој ќе има посебно место во неговите планови. 

„Филип Коку планира максимално да го искористи потенцијалот со кој располага 18-годишната ѕвезда, Елиф Елмас. По само неколку денови работа со него, тој е воодушевен од неговиот талент. Дефинитивно Елмас ќе биде во плановите на новиот тренер на Фенербахче“, пишуваат турските медиуми.

 

 

 

 

 

 

Најново во Фудбал