РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ОСТАНУВА ВО УНГАРИЈА

Кире Ристевски се договори со Ујпешт

Нема веќе дилеми, македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ќе ја продолжи својата кариера во унгарскиот тим на Ујпешт.

објавено: 18 септември 2018 - 11:59

ФОТО: СПОРТМЕДИА

Нема веќе дилеми, македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ќе ја продолжи својата кариера во унгарскиот тим на Ујпешт. Откако замина од Вашаш беше во потрага по нов клуб, а го пронајде во истиот шампионат каде што настапуваше до сега.

Ујпешт е добро позната средина за наши репрезентативци затоа што во минатото таму настапуваа Енис Барди, Виктор Ангелов и Ремзифаик Селмани. Ова и тоа како е добро за самиот Ристевски кој конечно пронајде нов клуб, а секако и за нашата репрезентација затоа што тој е дел од стартниот тим, и мора да има и клубска минутажа

Најново во Фудбал