ПРОДОЛЖУВА ГОЛГЕТЕРСКАТА СЕРИЈА НА МАКЕДОНЕЦОТ

КЕЛН „ГАЗИ“: Четврти гол на Чурлинов во Бундеслигата!

Четири од четири за Келн во новата сезона во јуниорската Бундеслига - Запад.

објавено: 25 август 2018 - 18:58

И на овој меч придонесе младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов (14. мин.), чиј погодок ова е четврти во шампионатот, после трите гола минатото коло дома против Оберхаузен.

Со овој четврти гол нашиот интернационалец е на второто место на листата стрелци во првенството, еден помалку зад водечкиот Узун од редовите на У19 Бохум.

На делба на првото место со по 12 максимални бодови се наоѓаат У19 Бохум и У19 Келн и токму овие две екипи ќе се сретнат во следното петто коло на 15. септември 2018 год.

Најново во Фудбал