МАКЕДОНЕЦОТ ГО ОДРАБОТИ ПРВИОТ ТРЕНИНГ СО ГРЧКИОТ ТИМ

Јонуз: Му благодарам на Аигиниакос за довербата!

Мирсад Јонуз попладнево го одработи и првиот тренинг во новата средина.

објавено: 13 ноември 2018 - 19:50

Мирсад Јонуз и официјално е нов стратег на Аигиниакос, тим од Втората Лига во Грција. Екс – селекторот попладнево го одработи и првиот тренинг со играчите на Аигиниакос.

„Му благодарам на раководството на Аигиниакос за довербата која ми е дадена да го водам тимот како тренер. Секако дека драго ми е што ќе им бидам тренер на ирачи кои поседуваат талент, но и квалитет" изјави Мирсад Јонуз за официјалниот сајт на клубот.

Најново во Фудбал