ДЕНЕСКА Е ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК ВО ИТАЛИЈА

Французите го сакаат потписот на Несторовски!?

Денеска е последниот ден од летниот преоден рок во Италија, сеуште не е дефиниран статусот на македонскиот интернационалец во оваа сезона.

објавено: 17 август 2018 - 09:50

Секој ден излегуваат шпекулации дека Илија Несторовски се поврзува со заминување од Палермо, но до сега мал е бројот на понудите кои доаѓаат.

Удинезе и понатаму се спомнува како негова наредна дестинација, претходно и Евертон беше во редот, но веќе е завршен преодниот рок во Англија.

Сега нов клуб според италијанските медиуми покажал интерес за репрезентативниот напаѓач, станува збор за екипата на Бордо. Тимот кој што настапува во најсилната Лига 1, одблиску ќе ја следи ситуацијата за нашиот играч во наредниот период, а можеби и часови...

Интересно овој француски клуб беше заинтересиран и за Аријан Адеми, но тој одлучи да го продолжи договорот со Динамо Загреб.

Други извори велат дека Несторовски би останал во Палермо до крајот на годината, па во текот на зимата би барал други алтернативи..

Најново во Фудбал