„буба“ продолжува во Саудиска Арабија

ЕКСКЛУЗИВНО: Ферхан Хасани потпиша за Ал Раед!

За една година, Хасани ќе заработи 1.200.000 долари

објавено: 17 август 2018 - 11:52

Долгото чекање на крајот и му се исплати...

Ферхан Хасани бараше, и успеа да стигне до еден мега-договор во текот на ова лето.

Еден од најдобрите фудбалери на тетовска Шкендија во изминатиот период, стигна до Саудиска Арабија. И пред малку го официјализираше договорот со екипата на Ал Раед.

Првичните информации велат дека станува збор за едногодишен  милионски договор. Односно „дил“ кој е „тежок“ 1.200.000 долари.

Со игрите кои ги прикажуваше во изминатиот период, Хасани апсолутно го заслужи секој петрол-долар

Најново во Фудбал