Биелса има доверба во него, но не и фановите

Фановите на Лидс Ј. бараат Алиоски да биде резерва

објавено: 18 октомври 2018 - 14:37

По двонеделната пауза за меѓународни репрезентативни натпревари во Лигата на нации, викендов и нашите репрезентативци се враќаат со клупски обврски. Едно од најспоменуваните имиња од почетокот на сезоната е она на Езџан Алиоски, кој е редовен стартер во екипата на Лидс Јунајтед, но очигледно неговите настапи не се по „мерка“ на фановите на тимот.

Тие во анкета на Twitter уште еднаш му порачаа на првиот човек на клупата, Марсело Биелса, да го стави нашиот репрезентативец на клупата за резерви на дуелот со Блекбурн во сабота.

Лидс Јунајтед патува на „Евуд Парк“ за да го задржи местото во врвот на табелата во Чемпиошип лигата, а фановите на тимот сметаат дека Биелса е редно време да го смести Алиоски на клупа. 

Најново во Фудбал