МАКЕДОНЕЦОТ ВЕДНАШ ПОСЛЕ ДЕБИ ГОЛОТ ПРОТИВ КОЊАСПОР

Елиф Елмас пред нов договор со Фенербахче!?

18-годишниот играч од средниот ред се почесто го привлекува вниманието со своите перформанси во текот на натпреварите ова лето.

објавено: 18 септември 2018 - 15:11

Елиф Елмас го постигна победничкиот гол против Коњаспор на гостински терен во турската Суперлига и го врати тимот на победничките патеки.

Како што пренесуваат турските медиуми, се најавува нов договор на македонскиот репрезентативец со Фенербахче. Моментно важечкиот му трае до 30. јуни 2022. година.

Сега заработува 800.000 илјади евра годишно, а со новиот евентуален договор до 2024 год. се очекува да има годишна заработка од 1.5 милион евра со откупна клуазула од 25 милиони евра.

Други извори пак велат дека моментно заработува 700.000 евра годишно, дека со новиот договор ќе прима 1.8 милион евра, а покрај понудениот договор дури и се шпекулира дека е можно да си замине наредното лето.

Најново во Фудбал