ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Два гола и црвен картон за Јаховиќ

Коњаспор имаше лесна задача во третата рунда од Купот на Турција, на гостински терен го совлада Јени Амасијаспор со 2-5.  

објавено: 26 септември 2018 - 13:56

Коњаспор без проблем ја мина третата фаза од Купот на Турција, откако на гостувањето кај Јени Амасијаспор славеше со 2-5. Во центарот на вниманието беше Адис Јаховиќ, двапати се запиша во листата на стрелците, а потоа заработи и црвен картон.

Токму некогашниот македонски репрезентативец го отвори натпреварот, во петата минута погоди за водство од 1-0, додека погодок го постигна во 30. минута за 3-0. Јаховиќ во 51. минута го напушти теренот поради црвен картон (втор жолт). Токму по исклучувањето на нашиот интернационалец домашниот тим успеа да постигне два гола.

 

Најново во Фудбал