КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДНИОТ КЛУБ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН?

Доказ дека Димитриевски си оди од Химнастик! (ФОТО)

До крајот на минатата сезона во шпанската Сегунда беше прва опција на голманската позиција во редовите на Химнастик Тарагона.

објавено: 20 август 2018 - 20:10

Столе Димитриевски е пред излезните врати и до крајот на 31. август кога ќе заврши официјално летниот преоден рок во Шпанија се очекува да има нов клуб.

Вечерва од 20:00 часот Химнастик ја започна официјално новата сезона во Сегунда, на домашен терен играат против тимот на Тенерифе.

Во стартните 11 кај тренерот Гордиљо не се наоѓа нашиот чувар на мрежата, туку Бараган, а на клупата е Бесера.

Шпанските медиуми шпекулираат дека и понатаму е неизвесно каде Димитриевски ќе ја продолжи кариерата, претходно се поврзуваше со трансфер во Малага, Легањес, Бетис, Еспањол, Брага, Ризеспор...

Најново во Фудбал