НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ИМАШЕ НОВ НАСТАП ЗА ДИНАМО ЗАГРЕБ

Добра вест за Македонија: На терените се врати Адеми! (ВИДЕО)

Аријан Адеми својот последен и единствен настап оваа сезона во најсилната хрватска лига за „модрите" го имаше на 17. август дома против Осиек.

објавено: 24 септември 2018 - 09:30

Беше принудно заменет во квалификацискиот меч за ЛШ против Јанг Бојс, во меѓувреме поради повреда не беше дел од составот на Динамо Загреб во дуелите со Горица и Риека во хрватскиот шампион, како и првата средби од групната фаза во ЛШ и македонскиот дуел на „Максимир" против Фенербахче, каде што доминираа Хрватите со 4:1.

Во неделата се случи кам-бекот на нашиот интернационалец, при нерешени 2:2 во второто полувреме, во 63. минута го замени Гојак по што играта се промени и резултат во корист на неговиот клуб. Во 69-та автогол си постигна Суњик, а 120 секунди подоцна Петковиќ го постави конечниот епилог за триумф на Динамо Загреб од 5:3 против Запрешиќ. На табелата Д. Загреб е на првото место со 20 бодови, четири повеќе од Локомотива Загреб.

Да потсетиме, Адеми ги поради расцепување на задниот бутен мускул (biceps femoris) ги пропушти првите два меча од Лигата „Д" против Гибралтар и Ерменија и еве за нешто помалку од еден месец според предвиденото се врати успешно на терените.

Секако ова е и добра вест и за најдобрата македонска репрезентација и селекторот Игор Ангеловски пред продолжението од УЕФА Лигата на нации наредниот месец.

Најново во Фудбал