НЕ ДОБИ ВИСТИНСКА ШАНСА ОД ТРЕНЕРОТ

Дин Аломеровиќ ќе ја напушти Селта Виго?

Иако нема официјална потврда, можно е македонскиот интернационалец да ја напушти шпанската екипа.

објавено: 15 јуни 2018 - 17:15

Според шпанските медиуми, 20-годишниот лев бек не доби вистинска шанса од тренерот во натпреварите за влез во Сегунда.

Дин Аломеровиќ пред да се пресели во Б тимот на Селта Виго, ги бранеше боите на Фуенлабрада Б, Македонија ЃП, Еуромилк Горно Лисиче и младинскиот тим на Вардар.

Покрај Аломеровиќ, се спомнуваат уште заминувања на четири имиња: Медина, Роиге, Мартинез и Састре.

Најново во Фудбал