НАЈЗАСЛУЖЕН ШТО ФЕНЕРБАХЧЕ ЈА ПРЕКИНА НЕГАТИВНАТА СЕРИЈА

„Дијамантот“: Среќен поради голот, но повеќе ѝ се радувам на победата!

Македонскиот репрезентативец беше „златната резерва" на Филип Коку во гостинската победа на Фенербахче против Коњаспор.

објавено: 16 септември 2018 - 22:16

Елиф Елмас настапи од 61. минута, и за краток период поминат на теренот, поточно во 67. минута со еден убав погодок ги донесе трите бода за голема радост не само кај него, туку и на тимските колеги и секако навивачите.

Особено поради фактот што нашиот интернационалец е воедно најзаслужниот што екипата ја прекина негативната серија од три порази во низа за моментно 11. место на табелата.

„Ги посакувавме трите бода и ги освоивме. Среќен сум поради постигнатиот гол, но уште посреќен што триумфираше тимот. Се надевам дека заеднички ќе продолжиме на овој пат", рече Елмас после победата на Фенербахче против Коњаспор (0:1).

Младиот играч потсети дека екипата ја очекуваат многу натпревари за краток период:

„Сакам да се подготвам најдобро што можам, има нови играчи во составот, но со тек на време сè ќе се случи", додаде Елмас, фудбалерот на Фенер.

Најново во Фудбал