ОБЈАВЕНА РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА МАК-РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ

ЦИЕС: Енис Барди е највредниот фудбалер во Леванте! (ФОТО)

Според ЦИЕС фудбалската опсерваторија (студиски центар поврзан со фудбалските институации како што се ФИФА и УЕФА), Енис Барди е највредниот играч на Леванте, со реална пазарна вредност од 13.9 милиони.

објавено: 12 септември 2018 - 11:30

Изминатиот период настапи за најдобрата македонска репрезентација на стартот од УЕФА Лигата на нации каде што беа забележани две победи над Гибралтар (0:2) и Ерменија (2:0).

Сега нашиот играч повторно ќе ги насочи погледите кон клупските обврски во шпанската екипа на Леванте.

Одличните игри во финишот од минатата и на стартот од новата сезона 2018/19 направија играчите да си ја зголемат својата вредност.

Вкупно двајца се истакнуваат од редовите на Леванте во однос на податоците од септември 2017 година: Хозе Луис Моралес и Енис Барди.

Моралес е вреден 9.7 милиони, пред една година беше 2.5, сега е зголемена вредноста за 7.2.

Нешто повеќе од него лани Барди вредеше 6.8, а сега е 13.9 милиони, значи вредноста е зголемена за 7.1, што го направи играч со најголема вредност во Леванте.

Најново во Фудбал