МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОВТОРНО СТРЕЛЕЦ

Буба даде гол, но неговиот Ал Раед испадна од Купот (видео)

Клубот на Ферхан Хасани не успеа да влезе во четвртфиналето на „Кралскиот куп"

објавено: 22 јануари 2019 - 21:31

Хасани стрелаше прецизно во 49 минута за 1:1 во дуелот меѓу неговиот Ал Раед против Ал Батин во осминафиналето на „Купот на кралот" во шампионатот на Саудиска Арабија. Натпреварот отиде во продолженија, а таму Ал Батин постигна гол за победа од 2:1.
За Хасани тоа е трет погодок во 17. натпревар, а прв во Купот.

Најново во Фудбал