КОИ СЕ НАЈВРЕДНИТЕ НАШИ ФУДБАЛЕРИ СПОРЕД „ТРАНСФЕРМАРКТ“

Барди, па Адеми и Нестор...на врвот!

Енис Барди е највредниот, но тој деновиве и официјално ќе има откупна клаузула со која Леванте ќе го „блиндира" со 50.000.000 евра. Е па на здравје, кој го сака „кралот" на слободните удари, нека повели. Од пред неколку денови сајтот Трансфермаркт, кој се занимава со пазарната вредност на фудбалерите, излезе со некои нови податоци.

објавено: 17 октомври 2018 - 14:25

Се разбира дека нас не интересираат само нашите фурбалери. Тие велат дека Енис Барди, односно цената на играчот на Леванте изнесува цели 6.200.000 евра. Па така тој и натаму е нашиот највреден фудбалер на фудбалскиот маркет. Претходно неговата цена изнесуваше нешто повеќе од 5.000.000 евра. Веднаш по него тука се Аријан Адеми со 4.600.000 евра, па Илија Несторовски со 4.400.000 евра.

ЕНИС Е „ЗАКЛУЧЕН" СО 50.000.000 ЕВРА!!!

И дефинитивно Енис Барди е нашет „златно момче". Младиот фудбалер на Леванте, инаку „кралот" на слободните удари, како што го нарекуваат во Ла Лига, потекнува од скопската населба Чаир од каде преку Ујпешт Дожа, сега стана вистинска ѕвезда во Шпанија, но и во Европа. Интересно е тоа што, веројатно и најважно, во следните неколку денови тој и Леванте ќе го продолжат постоечкиот договор. А откупната клаузула ќе биде поставена на неверојатни 50.000.000 евра. Тоа значи дека секој оној кој што ќе сака да го откупи од Леванте ќе мора да ја издвои таа голема, огромна сума на пари.

ВРАЌАЊЕТО НА АРДИЈАН АДЕМИ

Аријан Адеми е класа за себе. По сите оние непријатности што ги имаше во последните две - три години, тој сега се врати или враќа на голема врата. Игра супер за својот Динамо Загреб каде е „газда" на тимот, се врати и во нашата репрезентација. Моментално тој е втор на оваа вредносна листа со 4.600.000 евра, но наша претпоставка е дека цената на Адеми допрва ќе скока, посебно во зимскиот преоден рок кога веројатно „модрите" ќе го продадат за многу, многу пари. И ако, Адеми тоа го заслужува.

НЕСТОР ПАЃА, АМА НЕ СЕ ДАВА

На трето место е Илија Несторовски со пазарна вредност од 4.400.000 евра. Тој пред неколку месеци чинеше и 5.000.000 евра, но фактот дека не беше во топ - форма, но и дека игра во Втората лига во Италија, беше доволно тој да падне на 4.400.000. По него тука е супер - Џани. Езџјан Алиоски, офанзивецот на Лидс од нашата репрезентација е со вредност според Трансфермаркт од 4.100.000 евра, но и оваа сума се очекува да биде зголемена.

После него тука е Стефан Ристовски, десниот бек на Спортинг Лисабон. Неговата цена е 2.600.000 евра, веќе неколку месеци е таа, ни горе ни долу е неговата патека. Стандардно како што Стефан е стандарден во гигантот од Португалија.

ГОЛЕМ СКОК НА „ДИЈАМАНТОТ" ЕЛМАС
Заедно со Ристовски, исто со 2.600.000 е и Елиф Елмас, „дијамантот" на мак - фудбалот и на Фенербахче. За само шест месеци Елиф скокна од 700.000 евра на цели 2.600.000. Но цената на Елиф допрва ќе скока, посебно кога ќе почнат и официјалните преговори со светските фудбалски гиганти кои веќе долго време го бараат и посакуваат во своите редови. Од оние кои вреди да се напоменат, се и Адис Јаховиќ со 1.500.000 евра. Леонард Жута со 1.300.000 евра, Ферхан Хасани и Иван Тричковски кои вредат по 1.000.000 евра. Сите останати се под оваа граница од 1.000.000 евра.

ТАБЕЛА ПО ВРЕДНОСТ
ЕНИС БАРДИ (Леванте - Шпанија) 6.200.000 евра
АРИЈАН АДЕМИ (Динамо З - Хрватска) 4.600.000
ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ (Палермо - Италија) 4.400.000
ЕЗЏЈАН АЛИОСКИ (Лидс - Англија) 4.100.000
ЕЛИФ ЕЛМАС (Фенербахче - Турција) 2.600.000
СТЕФАН РИСТОВСКИ (Спортинг Л - Португалија) 2.600.000
АДИС ЈАХОВИЌ (Коњаспор - Турција) 1.500.000
ЛЕОНАРД ЖУТА (Ријека - Хрватска) 1.300.000
ФЕРХАН ХАСАНИ (АЛ Раед - Арабија) 1.000.000
ИВАН ТРИЧКОВСКИ (АЕК Ларнака - Кипар) 1.000.000

БОБАН НИКОЛОВ (МОЛ Види - Унгарија) 930.000
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ (Палермо - Италија) 820.000
МИРКО ИВАНОВСКИ (Хајдук Сплит - Хрватска) 800.000
СТЕФАН СПИРОВСКИ (Ференцварош - Унгарија) 770.000
СТОЛЕ ДИМИТРИОВСКИ (Рајо Ваљекано - Шпанија) 720.000
ДАРКО ВЕЛКОВСКИ (Ријека - Хрватска) 720.000
ВИСАР МУСЛИУ (Шкендија - Македонија) 720.000
АГИМ ИБРАМИ (Домжале - Словенија) 670.000
БЕСАРТ ИБРАИМИ (Шкендија - Македонија) 620.000
ФИЛИП ГАЧЕВСКИ (Вардар - Македонија) 620.000
ЈАНИ АТАНАСОВ (Бурсаспор - Турција) 620.000

Најново во Фудбал