МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОКОЛУ ИДНИНАТА И АМБИЦИИТЕ

Барди: Не се брзам околу нов договор, се чувствувам како дома во Леванте!

Нашиот интернационалец говореше во интервјуто за шпанските медиуми говореше околу понудата на Леванте за продолжување на договорот.

објавено: 24 август 2018 - 14:45

После една година помината во клубот, веќе зборува перфектен шпански јазик, да потсетиме, на стартот од новата сезона во Примера, екипата од Валенсија со 0:3 триумфираше кај Реал Бетис.

Претходно објавивме дека спортскиот директор на Леванте сака да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Барди. Повеќе прочитајте ТУКА

„Зборувам со Леванте, но со тек на време ќе видиме што ќе се случи. Во овој момент одлуката, на Леванте и мојата, не е важна, бидејќи јас сеуште имам договор и се чувствувам како дома. Значи, нема потреба од брзање", рече Барди.

Запрашан околу намерата на клубот да ја зголеми неговата клаузула:

„Јас не можам да зборувам околу тоа, бидејќи јас сум играч и можам да кажам само дека
ќе се обидувам да бидам што подобар и го давам најдоброто од мене на највисоко ниво. Млад сум, Леванте ми ја дава можноста да се подобрам многу нешта. Во фудбалот нема крај, само работа и работа".

Најново во Фудбал