МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ ЈА ЗАПОЧНА НАЈДОБРО СЕЗОНАТА

Барди: Едвај го чекам првиот гол, мораме да излеземе од кризата!

Во досегашните пет натпревари од шпанскиот шампионат Леванте е на 16. позиција со само една победа, реми и три порази.

објавено: 26 септември 2018 - 14:20

Сепак, Барди е оптимист дека работите ќе тргнат кон вистинскиот правец за клубот кој во наредното шесто коло в четврток од 20:00 часот во Примера ќе игра на гости против Ваљадолид.

„Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам првиот гол за Леванте оваа сезона. Се чувствувам добро на физички план, сакам да и помогнам на екипата да излезе од оваа криза и се надевам дека наскоро ќе го постигнам првиот гол што го посакувам. Желбата е голема, но не и опсесија, пред сé сакам Леванте да започне да победува и знаеме дека имаме квалитет за такво нешто ", рече Барди, кој минатата сезона постигна девет гола.

На последниот дуел од првенството пред своите гледачи тимот од Валенсија претрпе катастрофален пораз од Севиља (2:6).

Најново во Фудбал