ОФАНЗИВЕЦОТ ГО ФАЌА ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ЗА ТРАНСФЕР ЛЕТОВО

Ашковски потпишува за Славија Софија

Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Стефан Ашковски ќе заигра во бугарскиот шампионат каде што ќе потпише за тимот на Славија Софија.

објавено: 31 август 2018 - 10:50

Според последните информации до кои дојдовме Ашковски ќе ја прифати понудата на Бугарите, иако во опција летово за него имаше уште многу многу клубови. Сепак, тој се одлучува да замине во соседството и во Бугарскиот шампионат да ја продолжи одличната голгетерска форма која го следи од минатиот шампионат.

Тогаш настапуваше за екипата на Фортуна Ситард во Холандскиот второлигашки шампионат каде постигна десетина голови и нанижа исто толку асистенции, па имаше да бира каде да ја продолжи кариерата. Се одлучи за Славија Софија и се надеваме дека нема да погреши.

Ашковски во изминатиот период долго време ја бараше потребната минутажа, откако истата не ја доби во неговиот матичен по договор Белградски Партизан. Замина на многу позајмици, имаше релативно добри моменти, но и пехови, но потегот со заминувањето во Холандија за него беше полн погодок.

Ја промени позицијата од лев бек во лев крилен напаѓач и не погреши. Стана еден од најдобрите стрелци во таа лига, и воопшто помеѓу Македонските интернационалци и сега време е сето тоа да го наплати со добар трансфер.

Најново во Фудбал