ПРВ НЕЈЗИН ПОГОДОК СЕЗОНАВА ЗА КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ

Андонова за 10 минути ја донесе победата на Барса! (ВИДЕО)

Во својот втор натпревар од најсилниот шпански шампионат во женска конкуренција, на гостински терен убедливо со 0:3 триуфмираше Барса над Еспањол.

објавено: 22 септември 2018 - 16:45

Каталонскиот состав сите свои погодоци ги постигна во второто полувреме, во 72. минута во игра влезе македонската фудбалерка Наташа Андонова и само 120 секунди подоцна го реализираше нејзиниот гол, прв оваа сезона во првенство.

Нашата интернационалка исто така асистираше и при третиот гол кој го постигна Калдентеј во 82. минута и така беа решени сите дилеми околу победникот.

На табелата Барселона заедно со Атлетико Мадрид, Албасете и Реал Сосиедад е на делба на првото место со максимални шест бодови.

Најново во Фудбал