МАКЕДОНЕЦОТ ГИ ВРАЌА КИПРАНИТЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ

АЕК Ларнака пред триумф, Тричковски со два гола за едно полувреме!

Во рамките од 17. коло во најсилната кипарска фудбалска лига по првите 45. минути води АЕК Ларнака на гостувањето кај Докса (0:3).

објавено: 21 јануари 2019 - 18:52

Во позитива се гостите најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Откако најпрвин во 15. минута водство донесе Акоран, потоа му се придружи Иван Тричковски со два погодоци во 22. и 39. минута.

Во стартниот состав е и вториот наш интернационалец, Даниел Мојсов. АЕК Ларнака е пред нова победа сезонава, трите бода ќе значат и прекин на серијата мечеви без триумф.

Досега Тричко има четири голови сезонава во кипарскиот шампионат за АЕК Ларнака.

 

Најново во Фудбал