ИАКО ИМАЛ СУПЕР ПОНУДА ОД САУДИСКА АРАБИЈА

АДИС ГИ ОДБИЛ „ПЕТРО - ДОЛАРИТЕ" НА АЛ КАДСИА!?

„Имаше понуда од екипата каде што тренер е Александар Станоевиќ, но мене во Коњаспор ми е убаво" - изјавил за медиумите во Турција нашиот напаѓач...

објавено: 26 септември 2018 - 13:30

Медиумите во Турција вчера објавија дека малку недостигало Коњаспор да остане без својот најдобар напаѓач, Адис Јаховиќ. Имено, според неговите зборови тој имал супер понуда, од финансиска гледна точка, од Саудиска Арабија, и тоа од тимот на Ал Кадсиа. Значи летово сме можеле да имаме уште еден трансфер на наш фудбалер во шампионатот на Саудиска Арабија, покрај оној на Ферхан Хасани во Ал Раед.

Сепак, Јаховиќ објаснува дека не се двоумел премногу, и дека ја одбил таа понуда...
„Да, имаше понуда од Ал Кадсиа од Саудисја Арабија, и тоа од екипата каде што е тренер Александар Станоевиќ, но јас сум среќен во Коњаспор, тука сум заедно со моето семејство, среќен сум и не заминав во Саудиска Арабија" истакнува за турските медиуми нашиот напаѓач и екс репрезентативец.

И БАШАКШЕХИР БИЛ ВО „ИГРА"

Покрај А. Арабија, Јаховиќ се поврзуваше и со трансфер во Кина, потоа во некои клубови од Русија, но тој открива дека за него бил заинтересиран и еден од најдобрите клубови во Турција.
„Истанбул Башакшехир прашуваше за мене, имаше одредени контакти, но сепак не дојде до трансфер. Реков овде во Коњаспор сум среќен, засега останувам".

Не му тргна најдобро сезонава

Инаку Адис Јаховиќ не почна најдобро сезонава, на Коњаспор добро и оди, по 6. коло оваа екипа има 11 бодови е и петта, но Адис тешко му оди со головите. Имено досега еден од најдобрите стрелци во Турција успеа да постигне само еден гол. И тоа оној против Бурсаспор.

Најново во Фудбал