НОВИ ПРВИ НАТПРЕВАРИ ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Адеми пред влез во групите на ЛШ, Николов ќе брка негатива во Атина!

Вечерва се одиграа уште три натпревари од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, свои настапи имаа двајца македонски интернационалци.

објавено: 22 август 2018 - 22:54

МОЛ Види пред своите навивачи загуби минимално со резултат 1:2 од составот на АЕК и со негатива ќе патува на реваншот закажан за 28. август на Олимпискиот стадион во Атина.

Проблем за Унгарците беше директниот црвен картон на Хушти што ја отежна нивната задача и тоа го искористи гостинот со два погодоци во 34-та мин. (Клонаридис) и Бакасетас во 49-та. Овој вториот во редовите на грчката екипа четири минути подоцна доби црвен картон, па така силите беа повторно израмнети на теренот.

Нашиот играч Бобан Николов за МОЛ Види настапи до 54. мин. кога беше заменет од Шчеповиќ, а конечниот епилог го постави Србинот Лазовиќ (68.)

Аријан Адеми кој ја одигра целата средба во Берн со својот Динамо Загреб извлече поволен резултат (1:1) во Швајцарија е чекор поблиску до влез во групите на ЛШ.

Уште во втората минута поведе Јанг Бојс преку Мбабу, а Хрватите израмнија благодарение на Орсиќ после асистенцијата на Хајровиќ. За пласман во групната фаза на „модрите“ ќе им бидат доволни 0:0 пред своите навивачи на возвратната пресметка.

Плеј-оф, Лига на шампиони
(Први натпревари), резултати:

Ајакс-Динамо Киев 3:1
МОЛ Види-АЕК 1:2
Јанг Бојс-Динамо Загреб 1:1

Најново во Фудбал