КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДНИОТ ПРЕДИЗВИК НА НАШИОТ НАПАЃАЧ?

Абдурахими не е повеќе дел од Партизани

Албанскиот клуб од Тирана го објави крајот на соработката со македонскиот репрезентативец.

објавено: 27 август 2018 - 13:15

Бесарт Абдурахими не е повеќе дел од Партизани во чиј дрес имаше 11 натпревари и постигна два гола.

Двете страни одлучија спогодбено да се разделат, па така сега 28-годишниот напаѓач е слободен.

Абдурахими претходно ги бранеше уште боите на Шкендија, Локерен, Церезо Осака, Астана, НК Загреб и Хапоел Тел Авив.

За најдобрата македонска репрезентација има 12 натпревари и еден постигнат гол против Луксембург во квалификациите за ЕП 2016.

Како што пренесуваат албанските медиуми, следен клуб би можел да му биде Кукс во чии редови настапува нашиот интернационалец Едис Малиќи.

Најново во Фудбал