ЧАИРЧАНИ ОСТАНАА БЕЗ ГОЛЕМИОТ ТАЛЕНТ

Имери си замина од Шкупи, се сели во Шкендија!

Омар Имери не е веќе фудбалер на Шкупи, тој го напуштил Чаир. Се шпекулира дека е пред трансфер во Шкендија

објавено: 22 јуни 2018 - 14:58

Омар Имери, еден од најголемите таленти во Македонија не е веќе дел од тимот на Шкупи. Тој си заминал од клубот, за тоа информираат чаирчани на својата клупска интернет страница.

Во тоа соопштение чаирчани се лути, се разбира со право ако се знае дека Имери требаше да биде носител на играта на Шкупи во следните сезони.

Приказната да биде уште поинтересна продолжува со шпекулацијата дека тој е многу блиску до потпис со Шкендија.

Најново во Фудбал