ПРИЈАТЕЛСКА ВО ДЕБАР

Гроздановски за трета победа на Силекс

Во контролен меч како подготовка за новата сезона, силите ги одмерија Кораб и Силекс.

објавено: 20 јули 2018 - 19:56

На дуелот одигран во Дебар уште во третата минута поведе второлигашот со погодокот на Целески.

После половина час игра се случи израмнувањето на 1:1 после автоголот на домашните фудбалери.

За триумф на прволигашот од Кратово се погрижи Гроздановски во 68. минута од средбата. Тоа беше четврти тест за Силекс во летните подготовки и вкупно трета победа.

Претходно Кораб ремизираше со Струга Трим Лум, а поразен минимално од Генч Калемлер.

Најново во Фудбал