СЕ ОСВЕЖУВА ОДБРАНАТА НА ШАМПИОНОТ

Гледи Мици ѝ рекол „ДА“ на Шкендија

Станува збор за досегашниот лев бек од редовите на албанскиот клуб Скендербег (63. натпревари)...

објавено: 20 јули 2018 - 19:32

Се очекува да биде идеална замена за Цуцули во одбраната, во чиј дел Шкендија имаше многу проблеми во реваншот против ТНС во Велс кога беше претрпен пораз од 4:0 во првото квалификациско коло на ЛШ.

Мици има настапи уште за Камза, Фљамуртари и Кукси, нема ниту една официјална средба за албанската сениорска репрезентација, но своевремено беше дел од У17 и У21.

Да потсетиме, тетовските „црвено-црни" предводени од тренерот Ќатип Османи наредниот вторник во Скопје ќе го играат првиот дуел од 2. коло против Шериф од Молдавија.

Најново во Фудбал