СРАМОТА Е ДА СЕ ИМА ВАКВИ РЕЗУЛТАТИ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА

Европските мечеви се доказ дека првенството ни е очајно!

Вардар, Работнички и Шкупи веќе се елиминирани на стартот од квалификациите во Лигата на Европа, а Шкендија среќно се спаси и остана во квалификациите за Лигата на шампионите

објавено: 20 јули 2018 - 09:00

Стартот на новата европска клупска сезона започнува со првите дуели од квалификациите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Иако ова е период во кој голем број од подобрите екипи уште одмораат, за македонските клубови веќе е крај на европската авантура за сезоната 2018/19. 

Вардар, Работнички и Шкупи веќе се елиминирани на стартот од квалификациите во Лигата на Европа, а Шкендија среќно се спаси и остана во квалификациите за Лигата на шампионите. Срамота е да се говори за резултатите на екипите кои своите меча како домаќини ги играат на „Филип Втори Арената“.

Пред ждрепката за паровите во првото коло од квалификациите, Вардар и Работнички беа го групата на носители, што автоматски значи дека треба да се фаворити. Ги добија Пјуник и Хонвед, две екипи кои им оддржаа фудбалски лекции на фудбалерите кои тренераат во Градски парк. 

Вардар лани играше во групната фаза од Лигата на Европа, а сега во 180 минути игра, не успеа да даде ниту еден гол против Пјуник, а не па да се надева на поминување понатаму. Ерменскиот тим слави со вкупни 3:0. Откако на свој терен победи минимално, Пјуник синоќа во Скопје даде два гола за сензација.

Работнички беше малку подобар. „Романтичарите“ на првата средба на свој терен победија со 2:1, но кога дојде реваншот и да ја бранат предност против Хонвед, унгарскиот тим на свој терен лесно и убедливо победи со 4:0, за влез во следната фаза. 

Шкупи беше во групата на аутсајдери и против себе го доби шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Тимот од Чаир на првата средба во Глазгов, пред 50.000 гледачи одигра солидно, но загуби со 2:0. Во реваншот одигра солидни 0:0, но тоа нема да се памти, туку ќе се знае дека Глазгов отиде понатаму, а Шкупи не успеа да направи изненадување од позиција на аутсајдер. 

Едиствен наш претставник во Европа, остана шампионот Шкендија. Тетовчани со вкупно 5:4 го победија велшкиот првак ТНС. Радоста за Шкендија е благодаренеи на одличната победа од 5:0 на првиот дуел во Скопје, бидејќи на ревашот Велшаните се радуваа со 4:0. Малку фалеше да се случи Шкендија да биде првиот тим кој може да биде елиминиран по позитива од пет гола по првите 90 минути. 

Сите овие резултати и игри на четирите македонски претставници во европските купови покажува само колку македонската Прва лига всушност е слаба, па дури може да се каже дека е на нивото на полуаматерските лиги во Европа, затоа што има земји без професионални лиги, кои имаат исто па дури и повеќе претставници во Европа од Македонија во овој момент. 

Најново во Фудбал