И ПОКРАЈ ПОНУДИТЕ ОД ЕВРОПСКИТЕ ГИГАНТИ

Елмас: Не жалам што го одбрав Фенербахче!

Во изминатиот период објавивме како скаути од врвни европски клубови во Лисабон на дуелот од квалификациите за ЛШ помеѓу Бенфика и Фенербахче го следеле настапот на македонскиот репрезентативец.

објавено: 10 август 2018 - 20:00

Елиф Елмас имаше одлични игри во пред-сезоната за турскиот состав, доби пофални зборови од холандскиот тренер Филип Коку, а го одигра и целиот меч во Португалија каде што неговиот тим загуби минимално со 1:0, но ги одржува шансите за учество во плеј-офот.

Пред да се пресели во Фенербахче, имаше понуда од Манчестер Сити, потоа од ПСЖ, а сега скаути во Лисабон освен од „Олд Трафорд", имаше и од Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Тотенхем и Валенсија.

Но, и покрај сите понуди, нашиот интернационалец истите ги одби и продолжи фудбалски да се развива во Турција.

„Имаше многу клубови кои ме сакаа во нивниот состав. Да, меѓу нив беше Манчестер Сити. Но, јас ги одбив сите, бидејќи сакав да го исполнам мојот детски сон и да го облечам дресот на Фенербахче. Воопшто не жалам за оваа одлука, тука сум среќен", рече Елмас.

Најново во Фудбал