ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЛЕ МЕЧОТ

Џерард: Шкупи играше организирано, Муарем има добра техника!

После реванш натпреварот ФК Шкупи-Глазгов Ренџерс од 1. квалификациско коло на Лига Европа се одржа прес-конференцијата.

објавено: 17 јули 2018 - 20:30

Своите импресии од возвратните 90. минути на Националната Арена „Филип Втори" ги сподели менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард:

„Создадовме шанси, но за жал го немавме завршниот чекор. Секако задоволен сум од пласманот, искрено видов две лица на мојот тим, противникот на почетокот и кон крајот на мечот играше организирано, солидно. Останува од наша страна да ја подобриме играта во следните мечеви".

Запрашан Џерард околу тимот на Шкупи, дали од некого е импресиониран од некој играч на реваншот, добар впечаток му остави Муарем кој има добра техника и перспектива. Станува збор за еден добар играч, тој е среќен во тимот и Шкупи треба да ги задржи најдобрите.

„Ова беше еден добар натпревар, важно беше да се пласираме, со подобрување на нашата игра, верувам дека можеме да стигнеме далеку. Сега нашиот фокус е насочен кон второто коло, наше е да играме професионално, организирано. Изгледаме се подобро, иако вечерва не блескавме, немавме голови од наша страна, само гледаме да го анализираме следниот противник и одиме секогаш на победа“, рече фудбалерот на Ренџерс, Конор Голдсон.

Најново во Фудбал