ПОРАНЕШНИОТ ИГРАЧ НА ШКЕНДИЈА

Џелил Асани ја продолжи кариерата во БиХ (Фото)

22-годишниот лев бек од Кичево претходно ги бранеше боите Машал Мубарек во Узбекистан...

објавено: 21 јули 2018 - 08:00

Џелил Асани кој игра на позицијата лев бек беше промовиран како нов фудбалер на Младост Добој-Какањ со договор на две години. Клубот настапува во најсилната фудбалска лига на Босна и Херцеговина.

Како дел од летните подготовки, веќе започна и да запишува голови за босанскиот тим, беше стрелец на вториот погодок во пријателскиот натпревар против Вележ (2:1).

Претходно ангажмани во текот на професионалната кариера имаше уште во тетовска Шкендија, белорускиот состав на Торпедо-Белаз Жодино, Пемброк Атлета (Малта), скопски Металург, албанскиот Билис Балш, Влазрими и Напредок.

Најново во Фудбал