МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ПОВТОРНО ВО ОСИЕК

Драгонки со тешки ривали во квалификациите за ЛШ

Нашиот најдобар женски фудбалски клуб ќе игра во последната квалификациска група 10.

објавено: 22 јуни 2018 - 17:53

ЖФК Драгон после денешната ждрепка во Нион се најде во силна конкуренција, за противници ги доби Авалднес од Норвешка, Спортинг (Португалија) и хрватскиот Осиек кој ќе биде домаќин на турнирот.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 7-13 август, првопласираните од секоја група и двете најдобро второпласирани ќе се пласираат во следната фаза.

Драгонки и претходно настапувале во Осиек, односно не освоија ниту еден бод на квалификацискиот турнир во сезоната 2016/2017.

Најново во Фудбал