ОПТИМИСТИЧКИ НАЈАВИ ОД ТАБОРОТ НА ШКЕНДИЈА

Жуниор ќе биде фит за зимските подготовки, допрва ќе се знае за Ибраими!

Бразилецот следната недела ќе биде подвргнат на оперативен зафат на менискусот, следува пауза од 4-6 недели. Тоа значи дека Стенио Жуниор ќе може да ги одработи зимските подготовки.

објавено: 16 ноември 2018 - 14:30

Конечно една добра вест во Шкендија во врска со повредените играчи. Кога сме кај Стенио Жуниор да кажеме дека тој пред извесно време се пожали на болки во пределот на менискусот.

По неколку детални лекарски прегледи и официјално беше одлучено да биде подвргнат на оперативен зафат, кој би требало да се случи во текот на следната недела. Што побргу тоа е подобро, имено што побргу Жуниот „оди под нож", побргу и ќе се врати.

ЗА БЕСАРТ ДОПРВА ЌЕ СЕ ЗНАЕ

За Бесарт Ибраими ситуацијата е малку повеќе проблематична. Имено „бомбардерот" на Шкендија и најдобриот фудбалер во Првата лига, ќе мора да оди на операција на парцијалниот лигамент. Врз него исто така беа извршени неколку прегледи и беше решено Ибраими да мора да оди на операција. Најавите, барем во прво време се оптимистички, тие велат дека станува збор само за парцијалниот лигамент. Е сека колку тој ќе паузира, едноставно ќе се знае дури откако ќе заврши таа операција или артроскопија. Од друга страна на тетовци им е јасно дека во најдобар случај тие не ќе можат да сметаат на него до март - април.

ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИ ВО АНТАЛИЈА

Како што дознаваме, Шкендија и оваа зима најверојатно дел од своите зимски подготовки ќе ги мине или ќе ги одработи во Анталија, Турција. Нешто што е пракса на клубот во текот на изминатите 7-8 години. Сепак допрва ќе се знае кога се оди, со кого таму ќе се одиграат пријателски натпревари. Во Шкендија сега во преден план е финишот на есенскиот дел, односно тие четири првенствени мечеви и оној реванш во купот со Победа.

Најново во Фудбал