НА ГОЛМАНОТ НА ШАМПИОНОТ ВО ЈАНУАРИ МУ ИСТЕКУВА ДОГОВОРОТ

Захов (не)останува во Шкендија!

На Костадин Захов на 15 јануари му истекуваат обврските кон тетовските „црвено - црни". Дознаваме дека и двете страни водат интензивни преговори околу продолжување на договорот.

објавено: 17 октомври 2018 - 16:05

Костадин Захов, чуварот на мрежата на Шкендија и еден од нашите најдобри голмани, но и повремен репрезентативец би можел во јануари, односно во зимскиот преоден рок да ја промени средината. Велиме би можел зошто на 15 јануари, барем според „Трансфермаркт", му истекува договорот со шампионот на Македонија.

Сепак, како што велат нашите информации, раководството на клубот и самиот Захов веќе се во неколку месечни интензивни преговори за продолжување на истиот, и веројатно ќе се најде заеднички јазик. Секако дека Шкендија нема да си дозволи да испушти еден таков фудбалер како што е Костадин Захов.

ТРИ ГОДИНИ Е ВО ШКЕНДИЈА

Сепак остнува да се види, иако нема да биде големо изненнадување ако во наредните денови од таборот на тетовци официјално изјават дека го продолжиле договорот со својот голман,
Инаку Захов во Шкендија веќе е три години, Тој во Тетово дојде во јануари 2016 година. Претходно настапуваше за Беласица, Вардар, Хоризонт Турново, Брегалница од каде и дојде во Шкендија. Има и неколку репрезентативни настапи.

ТОЈ Е СТОЛБОТ НА ОДБРАНАТА

Захов важи исто така и за столб на одбраната на Шкендија. Со него на голот дефанзивата на стратегот Ќатип Османи и тоа како е посилна. Тој има одлична соработка со своите соиграчи од тој дел од одбраната, како Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Гледи Мици, Мевљан Адили, Мевљан Мурати и др. Во минатата сезона малку му недостасуваше да го урне рекордот на Филип Гачевски во нетресење на неговата мрежа. Но, се повреди и немаше среќа токму кога беше најпотребно да биде на голот на својот тим.

Најново во Фудбал