МЛАДИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ЗА „СПОРТ.КОМ.МК“

ЗА ВЕНГЕР БЕВ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ"

За легендардниот менаџер на Арсенал, нашиот голман има само пофални зборови... *Верувајте дека играчите на Арсенал, во затворен круг се сосема нормални момци, кои ги прават истите шеги“...

објавено: 27 мај 2018 - 12:00

Мало еспресо плус вода, и дневната рутина на секој македонски фудбалер може да започне. Брендирани очила и поглед кон шеталиштето каде што минуваат безброј девојки, млад насмеан свет. Сите од ред со погледот лево, десно да се „сними" кој е се присутен, и како на филмска лента на сите им застанува погледот на една маса. На онаа каде што седи Дејан Илиев, голманот на премиерлигашот Арсенал, кој деновиве се одмора во својата родна Струмица, и кој иако е тоа што е сепак, во еден момент сака да е само еден од многуте кои уживаат на топлото струмичко сонце. Ведар, насмеан како што бил секогаш дури и кога му е најтешко, пуленот на „топџиите" иако е дел од големиот фудбалски свет сепак, со задоволство секогаш се враќа во својот роден град.

„Различно од Лондон во секој случај" - коментира на шега Илиев, споредувајќи го својот роден град со светската метропола Лондон, па додава.

„Друг свет верувајте. Не може ништо да се спореди, начинот на живот, начинот на кој функионираат луѓето, не само во фудбалиот, воопшто. Но така едноставно мора да биде. Јас сум веќе пет години таму навикнат сум на тој свет, на тој начин на живот, и мене сега чуден ми е начинот на кој се живее тука кај нас, затоа што веќе долго време сум во Лондон. Што да кажам друго освен дека се чувствувам супер таму. По сето она што ми се случуваше и не може поинаку да биде. Сето тоа е зад мене и не сакам да се навраќам на повредите, на паузата. Сега бранам стандардно, ја имам подршката од сите во клубот, од семејството од пријателите, оние вистинските кои беа тука кога ми беше најтешко и сега гледам само напред" - вели Илиев.

Кога станува збор за сите оние кои беа до него сиот овој изминат период Илиев на прво место го става сега веќе екс менаџерот на Арсенал, гелендата на овој клуб Арсен Венгер.

„Легенда. Во вистинска смисла на зборот. Верувајте. Икона на клубот. Дваесетина години во Арсенал се се вртеше околу него. Нема играч кого не го познава од У15, па се до првиот тим, нема вработен во клубот кој не е под негова контрола и негов надзор, од осум наутро па се до 17:00 часот. Мене лично многу ми помогна, секогаш беше тука кога ми требаше разговор, помош, за било што. Личност која ќе остави траен белег на мојата кариера, каде и да продолжам што и да правам понатаму. Неговите совети се бесценети, искуството кое го има насобрано од децениската работа во Арсенал, а и претходно е злато вредна. Нема што премногу да му се објаснува како компјутер е веднаш сваќа се, пробува да најде решение, да ти помогне. Експерт за млади играчи, за таленти, за работа со нив, за формирање на личности на големи звезди. Во една прилика, влезе во соблекувалната ме здогледа и ми дофрли, „еве го Александар Македонски" - раскажува Илиев за искуството како е да се соработува со еден од најголемите тренери кои модерниот фудбал воопшто ги имал.

 * Другиот дел од интервјуто со Дени Илиев прочитајте го во печатеното издание на „Спорт.ком.мк“

Најново во Фудбал