ЗА КРАТКО ВРЕМЕ СЕ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТО

ВРИЕ ВО ФФМ: Во 23:15 часот почна итната седница на УО

На помалку од десет дена пред изборното Собрание, кое е закажано за први септември во Охрид, владее хаос во фудбалската федерација на Македонија. 

објавено: 21 август 2018 - 23:46

На помалку од десет дена пред изборното Собрание, кое е закажано за први септември во Охрид, владее хаос во фудбалската федерација на Македонија. На Комисијата за жалби и требаа пет часа за да ги разгледа жалбите на потенцијалните наследници на Илчо Ѓорѓиоски, Костов, Хаџи Ристески и Станојковиќ.

Седницата на Управниот одбор која требаше да почне во 22 часот ќе влезе во историјата на фудбалот, па и во историјата на спортот кај нас, како една од најдоцна одржаните. Комисијата за жалби имаше тешка задача.

Откако конечно ја донесе својата одлука, истата во моментов се разгледува на седницата на УО, по која ќе бидат дефинирани имињата на кандидатите за први септември во Охрид и насоката по која ќе се движи Собранието, па и фудбалот во Македонија.

 

Најново во Фудбал