ДАЛИ Е ТОА НЕКОЈ ЗНАК?

Во Шкендија никој не ја зема „десетката“ на Буба Хасани!

При распределбата на бројките на дресовите, никој не ја побарал или ја добил престижната „десетка".

објавено: 14 јули 2018 - 14:40

Во настапот во Европа, за понатаму ќе видиме, во Шкендија ќе нема фудбалер кој ќе го носи дресот со бр.10. Звучи неверојатно, но така е. Дали е ова некој знак, некој показател? Имено да потсетиме дека до пред месец дена тој дрес го носеше Ферхан Буба Хасани. Капитенот си замина, досега не најде трансфер а во Шкендија при распределбата на бројките за нивата сезона ниту еден играч не ја побарал ниту ја добил таа „десетка".

Ибраими го задржа дресот со бр.7, Емини со бр.20, новиот капитен Алими и натаму ќе биде со бр.5, Радески со бр.14.

Е сега што ова значи останува да се види во следниот период.

Најново во Фудбал