ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАРЦИ СО ПРАВО НЕЗАДОВОЛЕН

Васоски: Вака не се носи дресот на Вардар!

Предводникот на Вардарци го истакна своето незадоволство од изданието на екипата во денешната контрола со Академија Пандев

објавено: 10 февруари 2019 - 18:13

Академија Пандев - Вардар 6:1. Можеби звучи неверојатно, но вистина е. Не треба да има оправдување ниту фактот што мечот се играше два пати по 60 минути, вкупно 120 минути. 

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски истакна дека вака не се носи дрес на Вардар. И во право е. Добро е што ова доаѓа на пријателски натпревар, но Вардарци имаа катастрофални подготовки, барем кога се во прашање резултатите на контролите. Не победија на ниту една, а само два пати ремизираа. 

Еве што изјави Васоски по мечот со Академија Пандев денеска: 

„Загубивме убедливо во два натпревари по 60 минути, во кои одигравме со различни состави. Нормално дека не сум задоволен од мојата екипа ниту во првите, ниту во вторите 60 минути. Одигравме многу лошо, одигравме без залагање, без идеја. Вака не се носи дресот на Вардар. Ова ни беше последен натпревар пред почетокот на првенството, и јас се надевам и искрено посакувам овој меч да ни послужи како еден вид лекција, и се надевам дека нема да ги повторуваме истите грешки во првенствените натпревари", рече Васоски по завршувањето на мечот со Академија Пандев во Струмица.

Најново во Фудбал