ЗАДОВОЛСТВО ВО ТАБОРОТ НА ВАРДАР ПО ТРИУМФОТ ВО ДЕРБИТО

Васоски: Уживам во победите на моите играчи!

„Бевме паметни, рационални. Секако дека сме радосни што во моментов сме први на табелата", истакна за „Спортмедиа" тренерот на Вардар. 

објавено: 22 септември 2018 - 21:40

Вардар успеа со 2:0 да го победи Работнички во градското дерби. Во таборот на Вардар, посебно во стручниот штаб, не го криеја задоволството од продолжување на победничката серија.
Свој коментар даде Александар Васоски, тренерот на Вардар.

„Во првите 15 или 20 минути не одигравме како што треба. Како да бевме во грч, имаше неповрзаност во нашите редови. После голот на Барсегјан работите си дојдоа на своето место, за нас се разбира. Потоа имавме игра, имавме и шанси. Го баравме тој втор гол и успеавме да го постигнеме. Бевме паметни, рационални, знаевме што сакаме. Секако дека сме радосни, моментално сме први на табелата. Јас искрено им честитам на моите играчи, уживам да работам со нив и уживам во нивните победи" заврши Васоски.

Најново во Фудбал