ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР СЕ ОГЛАСИ ПО ОБЈАВАТА НА „СПОРТ“

Васоски: Барсегјан згреши, се извини и продолжуваме понатаму

Тренерот на Вардар, Александар Васоски се огласи по повод написите за инцидентот на релација со Барсегјан

објавено: 18 септември 2018 - 10:29

Тигран Барсегјан не беше дел од тимот на Вардар на дербито со Шкупи, поради недисциплина, и нарушување на истата за време на клубскиот состанок пред мечот. Тоа официјално и го потврди тренерот на Вардар Александар Васоски, и додаде како е разрешена оваа ситуација.

„Точно е дека Барсегјан беше отстранет по моја одлука и не беше дел од мечот. Тој ја разбра пораката, сфати дека згреши, и нормално потоа се извини, а извинувањето е прифатено. Проблемот е решен, продолжуваме понатаму. Вардар е над сите нас, и мора така да биде секогаш. Поединецот не смее да биде над колективот, тоа да им биде јасно на сите кои се сега или ќе бидат во иднина дел од овој клуб. Вардар е нешто свето и сите мора да се однесуваме така кон овој клуб. Барсегјан е нашиот најдобар фудбалер, и откако се разреши оваа ситуација, јас секако дека сметам на него веќе за утрешниот куп натпревар против Македонија ЃП, а секако и за понатаму во шампионатот", вели Васоски за единствениот спортски весник кај нас „СПОРТ“.

Најново во Фудбал